22-годишната трудница која пред два дена почина од коронавирус одбивала да биде хоспитализирана, велат од гинеколошко-акушерската клиника.

Според нив, 22-годишната трудница била донесена на Клиниката на 23 минатиот месец по трет пат, односно на 22 ноќта била донесена два пати, но одбивала да биде хоспитализирана иако и било објаснето и на неа, но и на семејството дека се става во ризик себеси и бебето.

„Пациентката одбила хоспитализација, примила инфузија, се чувствувала подобро, се потпишала и си заминала. Повторно е вратена на Клиника околу 23 часот меѓутоа повторно одбила да остане поради тоа што требало да биде хоспитализирана во делот кадешто се хоспитализираат ковид пациентки, а таа имала негативен тест. Лабораторијата и клиниката укажуваа на тоа дека таа е ковид позитивна. Тие кои се пациентки со симптоми ги третираме како суспектни и ги ставаме во делот на ковид, но не кај позитивните туку со суспектните пациентки, меѓутоа пациентката повторно одбила, а кога се вратила на 23 утрото веќе била со мртов плод и со многу влошена лабораторија“, истакнуваат од ГАК.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here