Во последните 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 39 нови пациенти, а отпуштени се 24 излекувани. Со тоа, моменталната бројка на лица кои се лекуваат во болнички услови во главниот град изнесува 510, а според пресекот направен утринава слободни се 20-ина кревети.

„Се очекува во текот на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места“,

велат од Министерството за здравство.

Најмногу пациенти се хоспитализирани на Инфективната клиника – 162 и во Градската општа болница „8 Септември“ – 108.

Во Детската клиника во Козле, пак, има 34 пациенти од кои 9 деца и 25 возрасни.

Состојбата на интерните клиники е следна: на Институтот за ТБЦ има 53 пациенти, во Клиниката за неврологија 34, на ОРЛ 30, на Клиниката за гастроентерохепатологија лежат 26, на Кожната клиника 24, на Клиниката за нефрологија 22, на Клиниката за очни болести 17 пациенти.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here