Со Бугарите е најголем Бугарин, ѓоамити Аспарух сте го црпнале. Седне ли со Грците – поголем Грк не се родил, абе Ахил со три пати аболирана пета. Со Албанците, везе шота ко Адем Јашар, со примеси од муртинско оро. И со Србите е топ, много воли да прича, па тресе ли тресе екс ју есперанто ли, што ли…

Фер, апатридот црпнат беше се’. Е сега, сега да ти станал и Македонец. Ууууууу! Крајно време беше, а? Ок, не стана, само тврди дека е. Проблемот е што никој не му верува за последново. Не му стои, ама ич…

Во случајот на ЗЗ, некој мнооогу погрешно и буквалистички  ја сфатил теоријата дека интелигенција е прилагодување. Некој неписмен. Скроз. Ко што му пишаа дека е современик на Блаже Конески, ко што му срочија дека Св.Климент е жив паметник. Итн. и др. Па, така, „интелигентно“ се шалта ли шалта по „жичките“ човечето, од петта во прва става, мења националност ко чорапи, велат гаќи толку често не менувал, па угодува ваму – угодува онаму, па пршти со бугарштина, па гркоманија блеска од него, нема-нема, чиниш Скендербег се сторил пред тебе. Ок, најлошо го глуми Жан Моне, Европеецот. Далеку биле Брисел и Муртино…

Да, сето тоа по потреба. Башка лошо, проѕирно, за Златна малинка одглумено. Ало Зоки, да, и камелеонот се прилагодува одлично, менува бои фантастично, ама многу-многу не е познат по интелигенцијата. Така преживува животинчето, како и ти политички. Добро, со оваа изнасилена животинска мимикрија си ја чуваш и слободата, уште пофер. За тебе, не за нас…

Башка, канибалчето докажано имало префинет вкус. Вети еднаш и прв и последен пат во животот си стоеше на зборот и ветеното. Да, вети дека ќе јаде,  и исполни – јаде живи луѓе. Арно ама, само од родот македонски. По другите соседни нации не чепка, обожува македонски судбини да уништува. Да, аферим, тука е „блиску“ до Македонија, по вкусот…

И сега, откако триото Бојко-Красе-Катка го извесла и го остави на суво, Зоки пак се повампири. Се помакедончи чедото црпнато. Тоа кај него функционира на копче. Стиска и се менува жичката му. Оваа, македонската жичка му е за спас, за секогаш кога е во тесно. Знаете, како кога ќе го фатиш арамијата со рачињата лепливи во медот, па ќе признеа се, ќе каже се само и само да куртули од ќотекот и казната. Така и Зоки станува Македонец, оти мора. А што се мора не е тешко, нели…

Добро е, одлично е Заев. Да сфатиш дека си Македонец. Да „сконташ“, дека на крајот на краиштата, се’ што ти останува, она на што последно можеш да се потпреш е Македонија. Ама тоа е за Македонците, не за тебе.

По се’ што направи, македонштината ти стои ко пижами на слон. Не ти доликува. Башка, главното прашање на сите е, колку ќе ти трае оваа „македонска“ епизода. Два дена, три, пет, недела ли?

Дури минат изборите во Штип ли?

Искрено, верувам, дека кога ќе ве траснат од власт, уште поголем Македонец ќе станеш. А тогаш, верувај, Македонија ќе ти биде уште помала.

Да, крајно време е да мислиш на азил и да си земеш и грчки и бугарски пасош. Башка што ти должат, башка, знаеш како велат, три пасоша се три пасоша. Башка бизнисите и онака веќе ги селиш таму, башка мноооогу поголема шанса за азил. Отииии, кај Македонците кредитот одамна ти е истрошен.

А, ако не земеш, тоа би била грешка.

Тешка, муртиностартешка грешка…

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here