Регулаторната комисија за енергетика донесе нова одлука со која се зголемуваат малопродажните цени на горивата во нашата земја

КЕ донесе одлука за зголемување на цените на горивата во нашата земја во просек за 0,82 проценти во однос на цените кои беа донесени минатата недела.

Според ова, малопродажните цени на бензинот Еуросупер БС-95 и Еуродизел се зголемуваат за половина денар, додека малопродажната цена на бензинот Еуросупер се зголемува за еден денар по литар гориво. Тоа значи дека од ноќеска на полноќ горивата ќе бидат поскапи, односно Еуросупер БС-95 ќе се продава за 60 денари по литар, Еуросупер БС-98 за 62 денари за литар, а Еуродизел ќе чини 53,50 денари по наточено литар гориво.

Од Регулаторната комисија најновата корекција на горивата ја оправдува со регистриран раст на сите нафтени деривати на светските берзи во изминатиот седумдневен период.

„Корекцијата на малопродажните цени следува по регистрираниот раст на сите нафтенидеривати на светските берзи во изминатиот седумдневен период. ОПЕК и неговите партнери на последниот состанок договориле помало зголемување на производството од претходно најавеното. Имено, од јануари 2021 година колективното производство ќе се зголеми за само 0,5 милиони барели дневно (mbd), што е четири пати помалку од претходно планираните 2 милиони барели дневно (mbd). Дополнително договорено е производството потоа да се следи и да се прилагодува на месечно ниво. Целиот позитивен развој со вакцината и очекувањата влијаеше и врз светската берза, па така цените на фјучерсите за Брент нафтата од почетокот на ноември до сега пораснале за 11 долари по барел односно за 30%, бидејќи трговците очекуваат брзо оправувања на потрошувачката со нафта и значајно намалување на глобалните залихи“, изјави Марко Бислимоски, претседателот на РКЕ.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here