Граѓаните по завршувањето на работното време може да се собираат на новогодишни и празнични забави во кафеани, а тоа, периодов е најголем ризик за ширење на заразата. 

Ова е епидемиолошката логика за тоа зошто угостителските објекти наместо до 21 треба да работат до 18 часот, од овој петок до 21 јануари наредната година, образложува Министерот за здравство Венко Филипче.

Во меѓувреме, огромен е бројот на викендички што веќе се изнајмени. И ова е ризик за ширење на вирусот оти веројатноста дека во една куќа ќе се соберат повеќемина е голема. Но собирањето на приватен имот никој не може да го забрани оти Уставот го штити интегритетот на домот, иако може да се контролира од страна на Инспекторатот, вели Филипче.

Според здравствените власти, досегашните мерки даваат резултати, но ситуацијата се уште е критична. Сепак, не сметаат дека треба да се ограничи работното време и на продавниците и трговските центри, а ниту пак да се воведе задолжителен ПСР- тест за влез во земјава.

На ваков чекор со задолжителен десетдневен карантин доколку се нема ПСР тест за нивни државјани, се одлучи Србија, па за влез во оваа земја на Македонците, од 20 декември, ќе им биде потребен негативен ПСР-тест не постар од 48 часа.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here