Бројот на активни случаи во таа земја изнесува 21.861. На болничко лекување се 2.897 пациенти од кои 304 на респиратор.

Од последиците на вирусот починале уште 73 лица.

Од 25 февруари 2020, кога е забележан првиот случај на Ковид-19 во Хрватска, до денес вкупно се регистрирани 179.718 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 2.778 починале, вкупно се излекувале 155.079 лица од тоа 3.195 во последните 24 часа.

Во самоизолација моментално се 51.108 лица. До денес вкупно се направени 896.828 тестови, од тоа 8.748 во последните 24 часа.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here