Речиси половина Македонци се против КОВИД-вакцината покажува регионалното истражување на Атлантскиот совет на Вашингтон и Советодавната група за јавна политика „Балкан во Европа”. 

Според истражувањето дури 52 проценти од македонските граѓани сметаат дека фармацевтската индустрија е одговорна за ширењето, додека пак над 40 проценти се изјасниле дека не сакаат да се вакцинираат со новата вакцина.

На социјалните мрежи секојдневно се објавуваат коментари во кои што се изразува недоверба околу новата вакцина против ковид.

И сликата во регионот не е многу различна. Над 41 проценти од Србите веруваат во теоријата на заговор, 33 проценти рекле дека нема да се вакцинираат.

Во Црна Гора, само 44,8 проценти се изјасниле дека ќе ја примат вакцината против Ковид.

Над 60 проценти од Албанците во Албанија веруваат дека кинеската влада го направила вирусот во лабораторија, што е најподдржаната теорија на заговор во таа земја, а над 55 проценти во БиХ веруваат дека фармацевтската индустрија е вклучена во ширењето на вирусот.

86 проценти од косовските Срби веруваат дека Бил Гејтс создал вакцина за да ги „чипира“ луѓето, 56 проценти веруваат дека фармацевтската индустрија е вклучена во ширењето на коронавирусот, 28 проценти веруваат дека постои врска помеѓу 5G технологијата и коронавирусот, а скоро 33 проценти веруваат војска го развила вирусот како биолошко оружје.

Во истражувањето се наведува дека Западен Балкан претставува плодна почва за теории на заговор, а како причина се наведени слабите институции и недовербата во нив.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here