Ракометната СЕХА-лига, конечно пред крајот на годината ќе ја започне сезоната 2020/21 во која ќе учествуваат две македонски екипи, Вардар и Еурофарм Пелистер.

Вардарци ќе ја чекаат новата 2021 година за да дебитираат, додека Е. Пелистер на 21. декември (17.45 ч.) во салата „Боро Чурлевски“ во Битола го пречекува големиот ривал од времето на поранешната југословенска лига, Металопластика.

Официјалниот старт на новата сезона ќе биде на 17. декември со натпреварот помеѓу Војводина и Нексе.

„РК Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека на 21 декември ќе започне со натпревари во регионалната СЕХА Гаспром лига за сезоната 2021/21. По дефинираните термини на првите два натпревари, Еурофарм Пелистер следниот понеделник, на 21 декември во 17:45 часот, во спортската сала „Боро Чурлевски“ ќе го пречека српскиот претставник Металопластика. Дуелот меѓу македонскиот тим и поранешниот европски првак е почеток на групната фаза и единствен натпревар на клубот кој ќе се одигра до крајот на 2020 година“, соопшти Е. Пелистер.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here