Празниците оваа година ги поминуваме дома и во најтесниот семеен круг, а тоа е дополнителен мотив уште повеќе да се посветиме на разубавување на домашната празнична атмосфера.

Секоја година, дури и кога е во прашање божиќното украсување, се наметнуваат одредени тенденции изразени преку одреден стил, бои или декоративни елементи во уредувањето.

Ако правиме листа на најпопуларни празнични, декоративн украси, тогаш оваа година некаде на врвот со сигурност се новогодишните џуџиња.

Симпатични, слатки, интересни, па дури на моменти и комични, новогодишнте џуџиња се вистински избор доколку сакате да внесете позитивен дух во вашиот домашен празничен амбиент.

Може да ги комбинрате во сетови, може да ги изработите дури и сами дома, а да се инспирирате од бројните модели достапни на социјалните мрежи, може да ги сместите во било која позиција или варијанта, каков и начин да одберете, сигурно ќе постигнете магичен ефект, затоа што сами по себе се магични и неодоливи.

Бидејќи се навистина популарни, може да бирате помеѓу огромен избор на модели.

Фото: Инстаграм

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here