Полека се привршува со изградбата на модуларната болница во Штип, а во моментот се работи на фасадата. 

Министерот заздравство Венко Филипче, очекува што поскоро да почне нејзината употреба, затоа што тоа ќе значи оти ќе се испразни постоечкото инфективно одделение, па ќе може да се продолжи до негово реновирање, што досега бепе оневозможено поради големиот број пациенти кои лежат таму.

– Со поставување на модуларната болница во Штип се овозможува целосно реновирање на сегашното инфективно одделение преку проектот на ЕУ за прекугранична соработка, коешто го одложивме затоа што таму се сместени голем број пациенти. Ќе продолжи да се спроведува кога пациентите ќе се префрлат во оваа модуларна болница, што очекуваме да се случи на крај на јануари – рече Филипче при посетата на штипската болница.

Според него, одлична е и динамиката со поставувањето на модуларните болници насекаде во државата, односно во Штип, Кичево, Струга, Струмица и Куманово.

– Ова е еден модел кој го правиме заедно со Светската банка од каде уште на почетокот на кризата излегоа во пресрет и со значајна финансиска поддршка ни помогнаа да го реализираме проектот. За жал, на почетокот на кризата, за време на техничката влада се соочивме со една неразумна блокада од опозицијата од ВМРО -ДПМНЕ. Проектот успеаја да го одложат, но секако не и да го спречат, така што ова е проект што ќе даде значајно полесен пристап на пациентите кои се заболени од Ковид-19 и секако повисок степен на квалитет на лекување е проектот што го спроведуваме на територијата на целата држава – рече Филипче.

Според него, модуларните болници се соодвето опремени. Сите со соодветна дијагностичка опрема, лабораторија, мобилни, дигитални рентген апарати и ЕХО апарати. Инфективните одделенија насекаде низ светот се и физички одделени од останатиот болнички капацитет за да останат другите одделенија чисти.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here