Францускиот претседател Емануел Макрон е позитивен на коронавирус и ќе оди во изолација, објави Елисејската палата.

„Тој се тестираше набргу откако му се појавија први симптоми. Тој ќе продолжи да работи и да ги извршува своите обврски од дистанца“, соопштија од претседателската резиденција.

Макрон ќе ги помине наредните седум дена во изолација.

Четириесет и двегодишниот Макрон е последниот светски лидер кој имаше позитивен тест за коронавирус. Борис Џонсон и Доналд Трамп поминаа неколку дена во болница.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here