Над 2.700 здравствени работници во Македонија досега биле позитивни на коронавирус.

Според податоците од најновиот неделен извештај на Институтот за јавно здравје, кој се однесува за периодот од 7-13 декември, во Македонија од случаите кои се епидемиолошки истражени, регистрирани се 2.744 случаи на заболување меѓу здравствени работници.

Од нив 2.249 се водат за оздравени, а околу 500 се уште се активни случаи и се борат со вирусот.

Институтот за јавно здравје регистрира вкупно 16 смртни случаи кај здравствени работници. Последен смртен случај, за кој јавноста е запознаена а не влегува во оваа статистика, е денешниот случај со медицинската сестра Ирена Дојчиновска Милошевска од Геронтолошкиот завод „13ти Ноември“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here