Издавањето викендички на групи луѓе е кривично дело за директно загрозување на животот и здравјето на граѓаните, порача министерот Оливер Спасовски и апелираше на одговорност и кај граѓаните и кај сопствениците на викендички за издавање.

„Нема никаква забрана за издавање викендици на семејства и едно семејство да може да биде во некоја викенд куќа каде било на територијата на нашата земја, но секако дека е кривично дело издавање викендица на групи на луѓе. Не е идејата да донесеме одлука дека рестораните, хотелите не можат да работат после 18 часот, а од друга страна да отвораме нови такви објекти, да ги имаме во околината на Скопје, во Сопиште, Маврово, Охрид … Зошто би била забраната за рестораните и хотелите ако тоа некои може да го прават во викендиците?“,

рече Спасовски.

Тој вели дека МВР веќе има изготвено оперативна акција за откривање на овие кривични дела, но оти полицијата уште сега реагира превентивно до издавачите на викендички за да знаат што може да ги очекува ако изнајмуваат на групи луѓе. Контроли, пак, ќе почнат да се спроведуваат во текот на наредната недела и на новогодишната ноќ.

„МВР ќе постапува врз основа на сите дозволени норми и правила врз основа на законот. Таму каде што имаме сознанија дека има групирање на лица во издадени викендици ќе се направи увид и ќе се поднесат соодветни пријави“,

рече Спасовски одговарајќи на прашањето како ќе се постапува.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here