Од вчера, семејството на зоолошката градина во Скопје е уште побогато со нови, смпатични членови.

Конечно прстигнаа пингвините кои веќе се адаптираат на новата средина и живеалиште, а како што соопштуваат од ЗОО Скопје, веќе го оствариле и првиот контакт со нивните нови зоо негуватели.

„Периодот кој следува ќе бидат во карантин, за полесно да се приспособат на живеалиштето, а ние постојано ќе ве „частиме” со интересни фотографии и видеа се додека не дојде моментот да ги видите и во живо”, додаваат од скопската зоолошка.

Пингвинчињата ќе живеат во современо живеалиште правено по светски стандарди, со голем надворешен базен и внатрешен топол дел со затворен базен.

Со нетрпение чекаме да ги видиме и во живо!

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here