Носењето на користена маска може да биде помалку ефикасно во заштитата од коронавирус отколку воопшто да не се носи, според едно ново истражување.

Научниците ова го утврдиле разгледувајќи ги хируршките маски, кои најчесто се користат. Тие откриле дека кога се нови, овие маски се високо ефикасни и можат да не заштитат од малите честички што се задржуваат во воздухот.

Сепак кога се користат неколку пати, тие филтрираат само една четвртина од малите капки, бидејќи маските се деформираат со секое ново носење.

– Природно е да се мисли дека носењето маска, без оглед дали е нова или стара, секогаш е подобро од ништо, рече д-р Кси, вонреден. Но, резултатите покажуваат дека ова важи само за честички поголеми од пет микрометри, но не и за честички помали од 2,5 микрометри.

Според истражувањето хируршки маски кога се нови, можат да филтрираат 65 проценти од честичките, но кога веќе еднаш ќе се искористат тогаш, можат да филтрираат само 25 проценти.

Ова значи дека маската, кога е нова, нуди добра заштита, но носењето неколку пати може да биде полошо отколку кога маската воопшто не се носи.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here