Вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски, е позитивен на коронавирусот. Тој оваа информација ја објави на социјалните мрежи.

„Поради лесни симтоми направив КОВИД-19 тест и резултатот е позитивен. Од овој момент влегувам во изолација и ги следам во целост насоките на лекарите. Чувајте се. Вирусот наоаѓа начини, но заедно ќе го победиме.“, напиша Николовски.

Николовски во неделата беше во Штип, каде што одржа говор по повод предвремените локални избори. Таму беше и премиерот Зоран Заев, како и неколку членови од СДСМ.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here