Новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден, јавно пред телевизиските камери ја прими првата доза од вакцината против ковид-19 на компаниите „Фајзер“ и „Бионтек“.

Пренос од клиниката во Делавер, каде беше извршена вакцинацијата, го вршеше „Си-Ен-Ен“, а Бајден носеше заштитна маска и му се заблагодари на персоналот во клиниката.Тој вакцината ја прими во клиника близу до неговиот дом во сојузната држава Делавер.

Целта на јавното вакцинирање е да се убеди јавноста дека вакцината е безбедна.

„Ова го правам за да ги охрабрам луѓето да се вакцинираат кога вакцината ќе биде достапна. Нема причина да се грижам. Се радувам на втората доза”, рече Бајден за време на вакцинацијата“,рече Бајден.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here