Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во неговото гостување во МТВ, вечерва истакна дека денес не може да се зборува за правда и владеење на правото кога се уште никој не одговарал за прислушкуваните разговори на обвинители и судии и никој не одговара за тоа дека во едно избирачко место има 95 % излезеност а во тоа место не живеат ниту 30 % од жителите.

„Кога ќе видам јас дека се обелоденети оние прислушкувани разговори за обвинители и судии кои што самиот Спасовски ги пронајде, тогаш може да зброруваме за владеење на правото. Кога ќе видам дека на избирачко место 95 % има излезеност, а таму нема ни 30 % од жителите и сторителот на тоа да одговара, тогаш можам да зборувам за владеење на правото, во спротивно не може да зборуваме, со уцени и закани како што тоа денес го направи на отворена сцена премиерот Заев, или ќе ме слушате или ќе ве сменам, тоа е тоа што денеска се случува, рече Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека секој оној што цени дека сето ова во кое живееме е погрешно, е добредојден во партијата и вели дека е потребна коалиција против криминалот и корупцијата.

„Секој оној кој што цени дека е погрешно ова денес во кое што го живееме, е добредојден во ВМРО-ДПМНЕ, со ВМРО-ДПМНЕ, внатре во рамките на партијата, како коалиционен партнер, а како политички субјект да седнеме да разговараме, да направиме коалиција, парламентарна или вонпарламентарна политичка партија. Ние мора да направиме коалиција против криминалот и корупцијата, срамот и пониживањата кои што овие 4 години се наше политичко мине. Па потоа ќе ги надминуваме нашите политички фрикции на ова или на она. Тоа е суштината, нагласи Мицкоски.

Тој додаде дека единствен негов мотив за кој ќе се бори е оваа влада на СДСМ и Зоран Заев да заминат.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here