Сите меѓународни истражувања за основното образование во земјава покажуваат дека нѝ се потребни реформи, бидејќи нашите ученици во голем број имаат формални знаења, имаат проблеми дури и со читањето, со основните математички операции и се со слаби компетенции, рече министерката за образование и наука Мила Царовска образложувајќи ги основните цели на концептот за реформа во образованието. Ниеден наставник нема да остане без работа, а во реформата ќе бидат вклучени експерти од сите научни дисциплини.

МОН ДЕНЕСКА ЈА ЗАПОЧНА ЈАВНАТА ДЕБАТА

Царовска: Реформата на основното образование има една цел – современи и квалитетни наставни програми

Сите меѓународни истражувања за основното образование во земјава покажуваат дека нѝ се потребни реформи, бидејќи нашите ученици во голем број имаат формални знаења, имаат проблеми дури и со читањето, со основните математички операции и се со слаби компетенции, рече министерката за образование и наука Мила Царовска образложувајќи ги основните цели на концептот за реформа во образованието. Ниеден наставник нема да остане без работа, а во реформата ќе бидат вклучени експерти од сите научни дисциплини.

Mинистерката Царовска на прес-конференцијата на Министерството и на Бирото за развој на образованието најави дека новиот концепт на образованието со интергрирани предмети треба да стартува со новата учебна година, во септември идната година и тоа со учениците од прво и шесто одделени. Потоа би се вклучувале постепено и другите одделенија, со интенција наставните програми уште од септември да бидат достапни и во електронска форма, додека од прво до трето одделение ќе се оди со нови печатени учебници. Според концептот, во рок од пет години во целост ќе се промени образовниот систем, рече Царовска.

Таа нагласи дека е неопходно учениците кога ќе го завршат деветото одделение да имаат применливи знаења од областа на мајчиниот јазикот, на други јазици, математиката и природните науки, дигитални познавања, реални вештини, да се подготвени со изградени вредности и ставови за реално социјално вклучување во општеството, според критериумите во земјите членки на ЕУ.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here