Министерот за здравство Венко Филипче вели дека по подолго време се намалува притисокот врз здравствениот систем. За првпат во последниот период, на Инфективната клиника во Скопје има над 30 слободни кревети, а над 100 во интерните клиники. Филипче смета дека мерките за заштита од коронавирусот дале резултат, но предупредува дека евентуален нов, мини пик на заразата би можело да има ако не се почитуваат препораките.

„Очигледно е дека се намалува притисокот, спласнува притисокот и кон центрите за тестирање и кон болниците. Можно е да има некој мини пик, кој би се должел на непочитување на мерките, меѓутоа морам да потенцирам дека со последните препораки, со затворањето на угостителските објекти, очигледно е дека имаме сериозен ефект во намалување на бројот на новодијагностицирани пациенти“,

изјави Филипче по предавањето на донацијата од Германската амбасада во Поликлината во Шуто Оризари.

Министерот уверува дека здравствениот систем е подготвен да пресретне и следен бран. Засега нема да се менува системот на реорганизација на јавно здравствените институции.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here