Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата Прашањето ми е следно на порталот Инфомакс вели дека скандалозно е новинарите да бидат тепани, судени и кривично гонети. Скандалозно е тоа што се случува, новинари да бидат тепани, новинари да бидат судени, новинари да бидат гонети. Мене не ми се случило иако има еден поранешен или сегашен новинар или колумнист што и да е што континуирано ми го симулира мојот погреб, ваков ќе изгледал, таков ќе изгледал итн и тоа не е говор на омраза, тоа не е за МВР предводено од Оливер Спасовски говор на омраза, вели тој.

Мицкоски се осврна и на лажната снимка која беше објавена каде што се прикажува дека тој ги крши мерките за заштита од корона вирусот, посочувајќи дека и покрај тоа што обвинителството го отфрлила предметот бидејќи снимките биле лажни, МВР
под раководство на Оливер Спасовски не отворила истрага да испита кј ја пуштил таа снимка во јавноста.

Никој денеска не поведе сметка, после оној исказ од обвинителство дека јас не сум ги прекршил мерките и не сум бил во теретана како тоа наеднаш се појавија ракавици на луѓето кои што беа тогаш со мене, како излезе таа снимка од теретаната, на крајот од денот зошто МВР не поведе истрага како таа снимка дојде во рацете на тие луѓе кои што ја пуштија таа снимка. Точно сите знаеме кој стои позади профилот на твитер кој што ја објави прв тааа снимка, ако не знаат еве нека го прашат Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски, тој знае со адреса. Знаеме и ние и треба да знае дека знаеме, зошто МВР не излезе да каже како таа снимка стигнала таму, зошто се ставени тие ракаваци и на крајот од денот кога обвинителството вели дека 6 месеци е истражуван тој период и такво нешто не е забележано, тогаш некој треба да одговара, вели Мицкоски.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here