И во новата година продолжува трендот на казнување на непримерни и несовесни граѓани кои не носат заштитна маска кршејќи ги и новите правила донесени од Владата во однос на мерката за носење маска како превенција од ширење на коронавирусот.

Од МВР известуваат дека во текот на изминатото деноноќие, односно 4 и 5 јанураи, на територијата на државава се регистрирани 292 прекршока во однос на мерката за носење маска како превенција од ширење на коронавирусот COVID-19.

„Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со COVID-19“, апелира МВР.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here