Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари средба со министерот за правда, Бојан Маричиќ и директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, со цел шефот на државата да биде информиран за реформите во судството како и за активностите поврзани со претстојниот попис на населението.

Министерот за правда информирал за новата методологија за оценување на работата на судиите и претседателите на судовите, за новата алатка за филтрирање и проверка на работата на судиите и судовите и за одлуката на Советот за реформи во правосудството за ветинг на судиите, која ја поздрави претседателот оценувајќи ја како чекор напред во стекнување на доверба на граѓаните во работата на судството.

„Правната држава е од егзистенцијално значење и мора да биде поставена на здрави темели. Реформите во правосудството треба да бидат ефикасни, и тука не смее да постои селективност и толеранција”, посочил претседателот Пендаровски.

Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски на средбата информирал дека Заводот е целосно подготвен за спроведување на Пописот како статистичка операција, а во контекст на методолошкиот и техничкиот дел на пописот и изразил очекување дека Законот наскоро ќе биде донесен, со цел навремено и адекватно постапување.

Претседателот Пендаровски, како што е наведено во соопштението, уште еднаш изрази очекување дека во новото законско решение ќе бидат вградени највисоките статистички стандарди на Еуростат со цел да се реализира валиден и кредибилен попис, како што соодветствува за една демократска држава.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here