Осум лица се приведени откако биле затекнати на забава во подземна гаража во Карпош во 3 часот по полноќ.

Тие се на возраст од 26 до 34 години, а се уапсени поради непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

„Осумте лица биле затекнати во подземна гаража на улицата „Анкарска“ во Скопје на организирана прослава, спротивно на мерките и протоколите донесени од Владата, при прогласена кризна состојба за забрана за групирање на повеќе од четири лица, а со цел спречување на ширење на коронавирусот“, информираат од МВР.

Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена кривична пријава.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here