На 04.01.2021 во 08.30 часот на патот Могила – Будаково се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „југо корал“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 62 годишно лице од с.Д.Чарлија  и патничко возило „форд фиеста“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 42 годишно лице од с.Радобор, општина Могила.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот во возилото „југо“, 54 годишно лице од с.Д.Чарлија, додека со телесни повреди се здобил возачот на возилото „југо“ и сопатникот во возилото „форд“, 41 годишно лице од с.Радобор, констатирани во Клиничка болница Битола. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Битола, соопшти битолскта полиција.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here