Во периодот додека модуларната болница беше цело време во функција, здравствените услуги во интерните клиники не престанаа и на ниту еден пациент не му беше скратена можноста да добие соодветна интернистичка здравствена услуга, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

– Се спроведуваа и амбулантските прегледи во амбулантите и се третираа хоспитализираните, меѓутоа во други делови од зградата. На ниту еден пациент не му беше скратена можноста да стигне до соодветна интернистичка здравствена услуга. Ова се направи затоа што е попрактичен начин лекарите и сестрите, во рамките на своите јавно здравствени установи, да можат да пружат здравствена услуга. На некој начин, да не мораат физички да ротираат во модуларната болница, објасни министерот Филипче.

Тој се надева дека нема да има потреба модуларната болница да биде ставена повторно во функција.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here