Во последните 24 часа евидентирани се 1.098 нови позитивни случаи на ковид-19 во Хрватска, а починаа 38 лица, пренесуваат тамошните медиуми. 

Со ова,  бројот на активни случаи во Хрватска денес е вкупно 5.794 пациенти. Меѓу нив на болничко лекување се 2.251 пациент, од кои 194 се на апарати за дишење.

Од 25 февруари 2020 година, кога беше регистриран првиот случај на инфекција во Хрватска, вкупно 217.946 лица се заразени со новиот коронавирус, од кои 4.304 починаа, вкупно 207.848 лица закрепнаа, од кои 1.538 во последните 24 часа.

Во моментов 18.277 лица во Хрватска се во самоизолација.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here