Глумицата Марион Ремзи, напозната по улогата на полицајката Лаверн Хукс во филмскиот серијал „Полициска Академија“, почина на 74-годишна возраст, кажа за Си-Ен-Ен менаџерот Роџер Пол. Не е откриена причината за смртта.

„Марион со себе носеше добрина и светлина која веднаш по нејзиното доаѓање би ја исполнило просторијата. Ќе ни недостасува“, рече Пол.

Родена е во Филаделфија, а кариерата ја почнува на театарската сцена. Ремзи првпат ја почна својата телевизиска улога во хит серијата „Џеферсонови“.

Најпозната е по улогата на филмот „Полициска Академија“ од 1984 година. Ремзи глумеше во пет филмови од овој серијал.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here