Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во интервју за Нетпрес, рече дека нема да признае политички и попис под притисок.

„Ќе имате прилика да видите кои ќе бидат ангажирање за пописот. Од СДСМ и ДУИ. А Зошто? Затоа што овие две партии ќе го мапираат теренот каде се минува со пакетче, каде се проаѓа со плико, каде не се минува со ништо, за да тргуваат со нивните гласови, рече Мицкоски.

Тој предлага одлагање на пописот за една година, по примерот на Германија, како и да се тргнат двата врзани потписи што, според него, укажува дека оваа статистичка операција е всушност политичка. Претседателот на партијата Мицкоски, изјави дека освен овие две работи, бараат и примена на читачи за отпечатоци на прсти за лицата кои постојано живеат во земјата.

Од СДСМ велат дека пописот е статистичка, а не политичка операција и дека тој ќе се одржи оваа година.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here