По осумнаесет часовен прекин, дебарското подрачје, кое ги опфаќа општините Дебар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, во утринските часови доби елекетрична енергија.

Прекинот во снабдувањето беше регистриран вчера во 10:30 часот, а нормалното снабдување почна во 4:35 часот утрово.

Прекинот беше последица на оштетувањата на 110 киловолтниот далновод од ХЕ Вруток до ХЕ Шпилје и 110 киловолтниот далновод од ХЕ Глобочица до ХЕ „Шпилје, од невремето присутно во овој регион.

– Со максимални напори шесте екипи, кои работеа во текот на ноќта во многу неповолни услови, успее да ги санираат дефектите. Во моментот нормално е снабдувањето со електрична енергија на целото подрачје, потврдуваат локалните власти на општините.

Ова подрачје опфаќа повеќе од 12.000 потрошувачи или околу 20 илјади жители.

Од општина Дебар додаваат дека во текот на денов планирана е средба на градоначалниците од трите општини „погоден одова катастрофа, за да се побара поголема сериозност во справувањето со вакви појави при појава на невреме“.

Обилниот и интензивен дожд кој врнеше во текот на ноќта дополнително го зголеми водостојот на притоките кои се слеваат во река Радика, што условува постојан пораст на нејзиниот водостој кој е околу 190 сантиметри.

Водата од водоводот Росоки – Дебар веќе трет ден е заматена поради што сеуште важи препораката пред употреба да се филтрира или преврива. Од овој водовод со вода за пиење се снабдуваат жителите на Дебар, селата Рајчица и Долно Косоврати,како и дел од општина Центар Жупа. 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here