Собранието на Република Македонија за Претседател на Националниот Совет за евроинтеграции го избра пратеникот од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски.

Националниот Совет за евроинтеграции е тело кое ги обединува сите клучни фактори во државата во процесот на евроинтеграции и секогаш е предводено од најголемата опозициона партија.

Од денес Николоски започнува со серија средби со амбасадорите на земјите членки на ЕУ кои ќе бидат во насока на искажување на јасната определба за членство во ЕУ и побрз почеток на преговори за членство, во исто време и за зачувување на македонските национални интереси, како и засебноста на македонскиот народ, јазик и култура.

Првата средба што ќе ја оствари Николоски ќе биде со Амбасадорот на Полска, а деновиве ќе има и други активности.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here