Со 95 гласа „за“, Собранието денеска го избра новиот состав на Државната изборна комисија, чиј претседател ќе биде Александар Даштевски, предложен од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Даштевски беше член на ДИК пред 15-тина години, а неговата последна фунцкија беше претседател на Комисијата за заштита од дискриминација. Тој доаѓа на местото на досегашниот претседател Оливер Дерковски, додека потпретседателка на ДИК останува Дитмире Шеху, предлог на ДУИ.

За член на ДИК на предлог на ВМРО-ДПМНЕ е избран уште Бобан Стојаноски. Членови на ДИК на предлог на СДСМ се досегашните членови Борис Кондарко и Радица Ристовска, а ново име поранешниот заменик-министер за правда Оливер Ристовски. За член на ДИК на предлог на АА е избран Кренар Лога.

Мандатот на актуелниот состав на ДИК истекува в петок, на 15 јануари.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here