Во периодот од 31.12.2020 до 09.01.2021 година од страна на организационите едници за контрола и регулирање на сообраќајот, на територијата на целата држава санкционирани се 6.489 возачи кои не ги почитувале правилата и прописите од сообраќајот од кои:

– за нерегистрирани возила (измината важност на сообраќајната дозвола)  414,

– за возење без возачка дозвола 520,

– за возење под дејство на алкохол 185,

– за возење со брзина поголема од дозволената 835,

– за непрописно престигнување 312.

Засилените контроли што ги спроведува МВР евидентно влијаат на намалување на бројот на сообраќајни незгоди во периодот кога овие контроли се спроведуваат.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here