Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и напиша писмо на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен да побара воведување документ за вакцинираност против коронавирусот што ќе го олесни патувањето меѓу земјите членки во унијата.

„Мора итно да се донесе заеднички став за тоа како треба да се структурира потврдата за вакцинираност, така што да биде прифатена во сите земји-членки“, рече Мицотакис, кој се надева дека ќе го постави ова прашање на самитот на ЕУ на 21 јануари.

Портпаролот на Европската комисија, Стефан де Кирсмикер, рече дека „сите прашања што се изнесени во ова писмо, заедно со другите прашања во врска со вакцинациите, ќе бидат разгледани во рамките на Европскиот совет“.

„Ги чекаме резултатите од оваа важна средба и ќе бидеме во состојба да го дискутираме и да одговориме на писмото што го добивме од грчкиот премиер“, додаде тој.

Романскиот претседател Клаус Јоханис ја критикува идејата да се користи сертификат за вакцинација против Ковид-19 за да се олесни патувањето на европските граѓани, посочувајќи ја можноста за дискриминација.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here