Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, рече дека најголемата опозициска партија одлучила на вчерашниот извршен комитет да собира потписи против предлог-законот за попис доколку владеачкото мнозинство не го повлече од Собранието.

– Доколку тоа не се случи, по очигледната злоупотреба на европското знаменце, ВМРО-ДПМНЕ ќе се мобилизира и ќе поднесе иницијатива за собирање на потписи за предлог-закон за поништување на овој предлог-закон што треба да се донесе по насилен пат, рече Мицкоски.

Тој повика на масовна мобилизација во собирањето на потписите за петицијата, а доколку и овој предлог-закон биде игнориран во Собранието, тогаш ВМРО-ДПМНЕ, како што вели Мицкоски, јасно кажува дека резултатите од овој попис нема да ги признае

За заклучоците кои ги доби специјалниот претставник Владо Бучковски во Софија од бугарската страна како одговор на акцискиот план од македонската, Мицкоски вели дека има нови моменти и истиот налага политичари да „зборуваат за бизнис и за македонскиот идентитет“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here