Во рамките на засилените сообраќајни акциски контроли полицијата вчера изрекла вкупно 213 мерки, меѓу кои и 3 за управување под дејство на алкохол. Кај едниот од возачите биле регистрирани 2,64 промили алкохол во крвта.

Исто така, изречени се 13 казни за управување со брзина поголема од дозволената, 32 за возење без возачка дозвола, 22 за нерегистрирани и технички неисправни возила, 12 за користење на мобилен телефон и 4 мерки за поминување на затворен семафор (црвено светло).  

Од МВР најавуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here