И без многу познати имиња кои недостигаа, Шведска ја надигра Македонија и со победа од 32-20 го отвори Светското првенство. Момците на Данило Брестовац се соочија со поквалитетен и похомоген тим, па епилогот беше јасен и очекуван.

На прес-конференцијата нашиот селектор рече:

„Честитки за шведската репрезентација. Беа подобри во текот на целиот натпревар, посебно во играта „еден на еден“. Очекувам многу подобро издание против Египет.

Немаме никакви проблеми од организациски аспект, мерките што се преземаат се сосема во ред“. 

<<< ПОВРЗАНО – Пораз на дебито, Швеѓаните максимално ги казнија нашите брзоплети грешки

Утре ракометарите ќе тренираат како подготовка за вториот дуел против Египет, а ќе имаат и повеќе време за подготовка и скаутирање на следниот ривал.

Македонија и Египет ќе играат на отворањето на второто коло во групата Г, в сабота од 18:00 часот. 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here