На тимот на СЗО во Вухан му се приклучува и британски експерт, Кина денеска соопшти дека ќе му се дозволи влез во земјата на британски експерт од Светска здравствена организација – за да се истражи потеклото на Ковид-19.

Експертскиот тим на СЗО вчера пристигна во кинескиот град Вухан, каде кон крајот на 2019 година беше откриен новиот коронавирус, тимот таму ќе биде околу еден месец, вклучително и двете недели карантин.

По двонеделниот карантин , тимот ќе ги испитува вработените во истражувачките институти, болниците и пазарите за морска храна во Вухан, каде се претпоставува дека се појави ковид-19.

Бројот на смртни случаи од коронавирусот во светот бележи нови рекорди. Досега повеќе два милиони луѓе ја загубиле битката со Ковид 19.

Најголем број на смртни случаи се регистрирани во САД, каде досега умреле 397.264 лица, потоа следуваат Бразил со над 200 000 и Индија со околу 150 000 смртни случаи.

Од европските земји, највисока стапка на смртност има Обединетото Кралство, по што следат Италија и Франција.

САД се рангирани на првото место и по бројот на потврдени случаи, од кои досега се регистрирани 23,8 милиони, пред Индија со 10,5 милиони и Бразил со 8,3 милиони заразени.

Нов рекорд на заразени со Ковид 19 регистрира и Русија – Бројот на случаи на коронавирус во Русија надмина 3,5 милиони, земјата во моментов испитува 1.500 мутации на Ковид-19.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here