Норвешкиот институт за јавно здравје (ФХИ) соопшти дека фармацевтската компанија Фајзер привремено ќе ги намали пратките со својата вакцина против Ковид-19 во Норвешка и во Европа.

Во соопштението на ФХИ се наведува дека Фајзер сака да ги надгради своите производствени капацитети од 1,3 милијарди дози на две милијарди дози вакцини годишно.

– Очекувавме да добиеме 43.875 дози вакцини од Фајзер, но најверојатно ќе ни бидат доставени 36.075 дози, се посочува во соопштението од ФХИ, при што се додава оти се уште не е познато кога Фајзер ќе го постигне максималниот капацитет за производство. 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here