Неспорно е дека на Балканот, за жал пописот наместо статистичка е политичка операција, но дајте да се сретнеме, порачува претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски во интервју за МИА .

-Јас разбирам, легитимна е битката за власт, легитимна е битката за подобри политики, легитимна е политиката на опозицијата да ја критикува власта, иако не мислам дека кабаетот овде е само сто процентно на едната страна опозициона, но би сакал да ги видам конструктивните предлози на опозицијата во однос на пописот да бидат прифатени. Зошто да не, вели претседателот на државата.

Додава дека на овие простори пописот се врзува за политичка операција затоа што се уште правата на луѓето, во меѓународна терминилогија правата на човекот, се гледаат пред се низ националната призма, поради што ни треба статистичка оперција без   политички мешања.

-Ни требаат конкретни изјави дека и по смена на власта никој нема намера да го менува Уставот, да ги одзема правата итн. Таква изјава до овој момент ние немаме од некои битни чинители на политичката сцена, пред се мислам на опозицијата, забележува Пендаровски во интервјуто за МИА.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here