Министерството за внатрешни работи во рамките на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот вчера во Скопје изрече вкупно 244 мерки, од кои 24 за управување со брзина поголема од дозволената.

Исто така, изречени се 28 мерки за возење без возачка дозвола, 13 за нерегистрирани и технички неисправни возила, 7 санкции за управување под дејство на алкохол, 17 за користење на мобилен телефон и 6 мерки за поминување на затворен семафор (црвено светло).  
МВР потсетува дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.  

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here