Најмалку 30 лица загинаа, а стотици се повредени во земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала што го погоди индонезискиот остров Сулавеси.

Епицентарот се наоѓал на 36 километри јужно од Мамују, главниот град на провинцијата Западен Сулавеси, на длабочина од 18 километри.

Mедиумите јавуваат дека од потресот се урнала и една болница, каде шест пациенти, членови на нивните семејства и медицински персонал останале заробени под урнатините и по нив трагаат спасувачки екипи.

Потресот бил околу 1 часот по по локално време и траел околу седум секунди.

Островот Сулавеси беше погоден од силен земјотрес во 2018 година.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here