Во скопската населба Карпош полициски службеници привеле 44-годишна жена поради запуштање и малтретирање на нејзината 16-годишна ќерка.

Се уште е мистерија колку долго скопјанка ја чувала својата 16 годишна ќерка заклучена во стан во Карпош. Драмата се случувала подолго време кога првин мајката се јавувала во детската клиника „Меѓаши“ и пријавувала малтретирање од лица од фамилијата и од соседите. Состојбата ескалирала кога мајката јавувајќи се секогаш во доцните часови, а операторката слушнала крици од друг женски глас.

„На 15.01.2021 полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Карпош, по претходно добиени сознанија и со наредба од истражен судија, а во присуство на претставници од Првата детска амбасада ‘Меѓаши’ и од Меѓуопштинскиот центар за социјална работа Скопје, влегле во домот на подрачјето на Карпош, каде што биле затекнати 44 -годишната жена и нејзината 16-годишна ќерка. Притоа било констатирано дека малолетничката била подолго време заклучувана во домот и не добивала соодветна нега од родителот“, соопштија од МВР.

Истовремено појаснуваат дека на малолетничката веднаш ѝ е пружена соодветна помош и е сместена во здравствена установа, каде што е згрижена, а по службена должност ќе ѝ биде определен старател. Нејзината мајката е приведена, а потоа пренесена во психијатриската установа „Бардовци“, каде е задржана до понатамошна постапка. Против неа ќе биде поднесена кривична пријава, а се преземаат и дополнителни мерки и активности.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here