Претседателот на САД Доналд Трамп последниот ден од својот мандат во Белата куќа има намера да помилува околу 100 лица.

На овој список сепак нема да го има името на самиот Доналд Трамп, како што најавуваа некои медиуми.

Аналитичарите сега ја чекаат најважната одлука од сите – дали Трамп ќе го помилува најпознатиот новинар во светот, основачот на Викиликс, Џулијан Асанж.

Во неделата се одржа состанок во Белата куќа, на кој Трамп заедно со неговите најблиски соработници го финализирал списокот за помилување.

Трамп, кој веќе започна со помилувања пред Божиќ, направи мала пауза во овој процес пред и по 6 јануари, кога маса негови обожаватели упаднаа во Капитол.

Аналитичарите очекуваат дека на списокот на помилувани и ослободени од прогонство ќе има многу криминалци за кои е утврдено дека се подобриле во затворот, како и политичките соработници на Трамп.

Помилувањата се една од должностите што Трамп мора да ги извршува пред крајот на мандатот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here