Министерката за образование и наука Мила Царовска, претставници на МОН и Бирото за развој на образование неделава ги интензивираат дебатите за предложената нацрт- концепција за основно образование. Во текот на оваа недела секој ден се организираат средби и дебати со различни групи а целта е преку овој широк консултативен процес да се донесе образовна реформа којашто е во најдобар интерес на децата. До крајот на неделава предвидени се средби со директорите на училиштата, наставниците, МАНУ и други засегнати страни. Министерката Царовска во среда ќе присуствува на средба со директорите на училиштата, во четврток со наставници, а во петок со членови на МАНУ.

Јавната дебата за новата концепција започна на средината на декември и ќе продолжи да тече во наредниот период. Од досегашните дебати произлегоа  низа конструктивни и корисни предлози и коментари, а досега активно се вклучија  претставници од сите релевантни институции, универзитетски професори, над 4.000 наставници, но и учениците и родителите.

Во дебатата од самиот почеток се вклучени раководството на СОНК, меѓународни организации и институции како УНИЦЕФ, Светска банка, УСАИД, Британска и Швајцарска амбасада и Делегацијата на ЕУ и ЗЕЛС. Сите изразија поддршка, затоа што реформите треба да резултираат со квалитетно основно образование.

Одржани се и онлајн конференции со професори, наставници, претставници на ликовната, музичката и драмската дејност. Реализирани се средби и дебати со студентското собрание и професори на ПМФ.

МОН потсетува дека до среда, 20 јануари секој има можност по електронска пошта да доставува забелешки, коментари и предлозите за концепцијата којашто е  објавена на веб страницата на МОН. Досега се пристигнати значителен број на конструктивни предлози и коментари кои ќе бидат земени во предвид.

Новата концепција е дел од Стратегијата на МОН за 2018-2025 година, предвидена е со Законот за основно образование донесен пред една година и е дел од владината програма.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here