Биле тестирани вкупно 14 111 материјали, а се регистрирани 2 397 нови случаи на ковид-19. Бројката на излекувани е 5 785, но пријавени се 79 смртни случаи, што е зголемување од 6,8% во однос на минатата недела

Намалување на бројот на нови случаи на ковид-19, како и процентот на позитивни од тестирани, а зголемен број на оздравени лица регистрира Институтот за јавно здравје во неделниот извештај за ситуацијата со епидемијата во земјава.

Според ИЈЗ, во периодот од 11 до 10 јануари биле тестирани вкупно 14 111 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 8,4 % во однос на минатата недела. Регистрирани се 2 397 нови позитивни случаи од 34 града во државата со намалување од 3% во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје, со неделна инциденца – 176,3 на 100 000 жители. Највисока неделна инциденца од 238,5/100 000 е регистрирана во Ресен.

Процентот на позитивни од тестирани во периодот на известување се движи од 11 до 19%, просечно 16%, што претставува намалување од 3% во споредба со минатата недела.
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години (26,3%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 40-49 (18,6%), 30-39 (17,6%), 50-59  ( 16,8%) и 20-29 ( 14,7%).



По добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 5 785 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 29,7% повеќе во споредба со минатата недела.
Ковид-19: Помалку смртни случаи и понизок процент на заразени, а повеќе излекувани во последната седмица


Во овој период, пријавени се 79 смртни случаи од 23 града, со зголемување од 6,8% во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 62 лица биле над 60 години, 13 лица на возраст од 50 до 59 години, 3 лица на возраст од 40 до 49 години и едно лице од 30 до 39 години.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here