Во рамките на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот Министерството за внатрешни работи вчера на територијата на град Скопје изрече вкупно 230 мерки, од кои најмногу за непочитување на брзината на движење.

За возење без возачка дозвола изречени се 36 казни, 17 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 24 за користење на мобилен телефон, потоа 42 санкции за непочитување на брзината на движење, седум за минување на затворен сигнал (црвено светло), 33 мерки за непрописно паркирани возила и 11 санкции за неносење заштитна маска.

Засилените сообраќајни контроли, додаваат од МВР, продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголемиме безбедноста во сообраќајот. 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here