Во вечниот дом на Тоше Проески во родното Крушево граѓани и претставници на локалната самоуправа со полагање на цвеќе, го одбележаа денот на раѓање на македонската најголема музичка ѕвезда.

Одбележувањето на овој ден, како што известија од општината, нема да понуди други содржини заради состојбата со коронавирусот.

Овој ден, е врежан во срцата на бројните обожаватели на Тоше низ целиот свет, бидеjќи како што велат, тој има само ден на раѓање. Тоше трагично загина во сообраќајна несреќа во Хртватска пред 13 годин.

Денеска ќе наполнеше 40 години.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here