Министерството за здравство денеска информираше дека во последните 24 часа се направени само 677 тестирања, а регистрирани се 63 нови случаи со Ковид-19, оздравени 573, а уште 6 лица починале.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 90717, бројката на оздравени пациенти е 78727, на починати е 2791, а бројот на активни случаи изнесува 9199. 

Главниот град е најголемо жариште на вирусот од почетокот на пандемијата па се досега. Во моментов има 5145 активни случаи, што е значително помалку од изминатиот период.

Скоро во ниту еден од останатите градови во Македонија нема повеќе од 400 активни случаи.

Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 39462, активни 5145
• Куманово 5113, активни 377
• Тетово 5032, активни 373
• Прилеп 4522, активни 212
• Гостивар 3577, активни 220
• Штип 3476, активни 143
• Битола 3188, активни 159
• Велес 3011, активни 241
• Охрид 2723, активни 351
• Струмица 2506, активни 287
• Кавадарци 2472, активни 313
• Струга 2175, активни 141
• Кочани 1714, активни 87
• Кичево 1694, активни 129
• Свети Николе 1067, активни 35
• Гевгелија 970, активни 95
• Неготино 953, активни 109
• Дебар 741, активни 108
• Ресен 727, активни 104
• Крива Паланка 713, активни 56
• Радовиш 685, активни 40
• Берово 577, активни 49
• Делчево 559, активни 164
• Пробиштип 500, активни 40
• Виница 482, активни 32
• Валандово 325, активни 12
• Демир Хисар 242, активни 8
• Македонски Брод 240, активни 10
• Богданци 222, активни 30
• Кратово 215, активни 17
• Крушево 200, активни 29
• Македонска Каменица 190, активни 36
• Демир Капија 182, активни 28
• Пехчево 180, активни 13
• Дојран 82, активни 6

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here