На владина седница усвоен е планот за вакцинација против Ковид 19, информираше на денешната прес конференција владиниот портпарол, Мухамед Хоџа. Како што кажа тој, вакцинирањето во земјава ќе се одвива во три фази, а сето тоа ќе се конкретизира со пристигнувањето на вакцините.

„Фазите ќе бидат во согласност и во зависност од пристигнувањето на вакцините и различните приоритетни групи за вакцинација. Три групи се приоритетни со цел да се обезбеди функционирање на здравствениот систем, да се заштитат лицата со најголем ризик од заболување и компликации и да се одржат основните услуги на критичната инфраструктура“, рече Хоџа.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here